Watch FIFA World Cup 2026™

LIVE, FREE and EXCLUSIVE

Македонски фестивал на храната Мелбурн 2022

FOOD FESTIVAL WEB 1.jpg
Source: SBS

Македонија како непресушна ризница со богата традиција, историја, култура, фолклор и вкусна храна и годинава ќе има повторно можност да ја претстави истата пред австралиската јавност на традиционалниот фестивал на храната, во организација на македонската заедница во Мелбурн.


Published

Updated

By Vase Kocev

Source: SBS


Share this with family and friends


Македонија како непресушна ризница со богата традиција, историја, култура, фолклор и вкусна храна и годинава ќе има повторно можност да ја претстави истата пред австралиската јавност на традиционалниот фестивал на храната, во организација на македонската заедница во Мелбурн.


По тригодишна пауза поради пандемијата со Ковид-19, продолжува традицијата со одржување на традицоналниот Македонски фестивал на храната во Мелбурн.

Организаторот на фестивалот, Македонската организација на заедницата МАСО најавува богата културно уметничка програма и вкусна традиционална македонска храна.

Во културно уметничката програма се очекува настап на повеќе локални пејачи од заедницата и културно уметнички друштва од Викторија и Нов Јужен Велс со специјално подготвена кореографија на македонски ора. Покрај тоа ќе има и специјални гости како изнендување. За вкуснита традиционална македонска храна ќе се погрижи светски познат готвач од Македонија.
Гордана Димовска, организациски одбор на фестивалот
Razigrana makedonka 1.jpg
КУД "Разиграна Македонка" од Квинбијан, беше дел од фестивалот на храната во 2019 година Source: SBS
Ова е уште еден голем настан и прилика каде со успех можеме да ја претставиме македонската традиција, култура, јазик, фолклор и вкусна храна во Австралија, својствена само за Македонија
Гордана Димовска, организациски одбор на фестивалот

Македонскиот фестивал на храната ќе се одржи на 30 октомври во познатиот Футцкрај парк.


Latest podcast episodes

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Stream now