Македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој е во работна посета на Австралија по повод 30-годишниот јубилеј од воспоставувањето на билатералните односи, го посети државното радио СБС за ексклузивно интервју на програмата на македонски јазик.
"Во делот на надворешната политика, би рекол, имаме 3 клучни константи. Прво, ние сме земја членка на НАТО, второ, ние сме земја која што претендира да стане полноправна членка на ЕУ и ние сме усогласени со заедничката надворешна безбедносна политика на ЕУ и трето, ние сме една од ретките земји што имаат стратешко партнерство со САД. И мислам дека по однос на сите три клучни позиции, нема некоја отстапка од ставовите на Австралија", г-дин Муцунски.





