Велика Џангаловска-Гатсис: "Преку читањето на овој роман, младата генерација може да навлезе во суштината и сржта за тагата на Македонецот".
Во вториот роман на писателката и поетеса Велика Џангаловска-Гатсис, "Во потрага за белиот леб" сиромавиот Камен тргнува во далечна земја за подобра иднина.
Но како што вели таа, патот до ветената земја не е секогаш послан со црвен килим. Подетално во разговорот со Г-ѓа Џангаловска-Гатсис за нејзините инспирации, македонскиот јазик и тагата на македонскиот народ.





