Во организација на Македонскиот просветно-училишен одбор за Нов Јужен Велс, на 29 мај во Сиднеј беше одржана традиционалната свечена академија во чест на македонските и сесловенски просветители, светите браќа Кирил и Методиј во присуство на бројни ученици по македонски јазик, нивните наставници и родители и други гости.
На свеченоста беше промовирана, неодамна излезената од печат, двојазична монографија на долгогодишниот претседател, а сега почесен претседател на Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ, Тоде Кабровски.
Share




