На настанот на 2-ри април на кој љубителите на македонскиот пишан збор уживаа во рецитирањето на поезија и проза, беше промовиран романот "Во потрага за белиот леб" од Велика Џангаловска Гатсис како и стихозбирката "Во прегратките на љубовта" од Др. Емил Попорданоски. Според претседателот на друштвото Наум Трајчески, потребни се повеќе вакви настани за промовирање на македонското литературно творештво во Австралија.
Литературното друштво "Ванчо Николески" од Квинбијан свечено прослави 5-годишнина

Macedonian Literary Society "Vancho Nikoleski" at an event in celebration of 5 year anniversary Source: Naum Trajcheski, MLSL Vancho Nikoleski
Со мотото да се поттикнат младите да го зборуваат и чуваат македонскиот јазик, литературното друштво "Ванчо Николески" од Квинбијан во рамките на кое егзистира и истоимената библиотека, ја прослави петгодишнината од своето основање.
Share


