Литературна вечер насловена "Мојата омилена приказна", беше организирана минатата недела, од Македонското литературно друштво "Кочо Рацин" од Мелбурн. Носечката идеја на настанот, што се одржа во библиотеката во Милпарк (Мелбурн), беше желбата да се помогне во зачувување на македонскиот јазик во Австралија, и воедно да се инспирираат членовите на заедницата да читаат книги, коишто го збогатуваат човечкиот живот, како што рече претседателката на друштво, Гордана Димовска.