Македонка, доселеничка во Австралија : Како избегав од насилен брак
Domestic violence Source: AAP/Dominic Lipinski/PA Wire
Исповед на млада жена од Македонија, која се мажи за Македонец од Австралија, за нејзиниот трауматичен живот во насилен брак и бегството од него. Таа вели дека видела многу насилство во нејзиното семејство меѓу родителите, роднините па и соседите и секогаш мислела дека нема да дозволи такво нешто да и се случи. Се додека не се запознала со Македонец од Австралија со кого се надевала дека ќе има убав живот. Со две мали деца ме остави сама на пат во ноќта во место каде немав никој свој и не познавав никого, вели таа. Во друга прилика, на забава со моите деца, дојде пијан, ме навредуваше пред сите гости за потоа да ми се закани на мене и децата дека ќе не избоде со нож, се присетува младата измачена жена.Oттогаш нејзиниот постар син имал ноќни кошмари сонувајќи го сопствениот татко како го прободува. Никогаш не се враќајте во насилен брак или врска ,порачува нашата соговорничка, жртва на домашно насилство која благодарение на помошта од владините служби и добри луѓе околу неа, успеала да се отргне од магичниот круг и со своите деца да започне нов живот
Share



