На новинарското прашање дали „Северна Македонија чувствува дека постои северномакедонско малцинство” во Грција и дека е обврзана да го заштити, Димитров одговори:
“Двете страни, и Атина и Скопје се договоривме дека нема да се мешаме во ваквите прашања и во нашите внатрешни работи и мораме тоа да го почитуваме. Се договоривме за тоа и сега тоа е дел од нашиот устав. Така го гледам ченот 4 од договорот, каде се вели дека се согласуваме да не се мешаме во внатрешните работи на соседот. Текстот на БиБиСи и прашањата што ги покрена, се нешто што се за грчкиот внатрешен политички дијалог, можеби тоа е прашање на меѓународните обврски, но тоа треба да биде тема на грчка дебата", рече шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров




