ВБУ Музички регистар, чиј основач е Васил Буралиев, од почетоците во 2013 година има документирано илјадници македонски музички нумери од сите жанрови од над 3,000 изведувачи и бројот секојдневно се зголемува, благодарение на волонтерите кои застанаа позади овој проект.
Ова е единствен сервис од ваков вид преку кој домашната јавност, како и иселениците ширум светот, можат да пребараат и да најдат информации за музичките изданија како и да ги преслушаат омилените композиции.

Неодамна регистарот започна глобална иницијатива „1000 претплатници“ чијашто цел е да ја поттикне јавноста во претплата на Јутуб каналите на домашните изведувачи и во редовно преслушување на нивната содржина.
Во разговорот со Бојан Перевски, покрај деталите за оваа иницијатива, зборуваме и за животот во Катар, за причините поради коишто ја напуштил Македонија, како и за неговите идни планови.





