Македонската фудбалска репрезентација до 19 години се пласираше во Елитната фаза квалификации за ЕП 2019 година. На претквалификацискиот турнир што се одржа во Скопје Македонија го освои првото место пред фаворитите Белгија и Швајцарија и Луксембург.
Македонија со резултат од 2:1 забележа победи против Швајцарија и Белгија и збедливо со 6 : 0 против Луксембург.
Со овие победи Македонија до 19 години за првпат во својата историја ќе игра елитни квалификации за пласман на Европско првенство.

Младите репрезентативци од клупата ги водеше селекторот Вујадин Станојковиќ кој во разговор за СБС радио програма на Македонски јазик вели дека успехот не е случаен.
" Иако не важевме за фаворити сепак со максимално залагање на сите фудбалери успеавме да постигнеме три победи со што овие младинци го потврдија квалитетот со кој располагаат "

Во Елитните квалификации Македонија за противници ги доби Англија, Унгарија и Летонија. Само првопласираниот патува на Европското Првенство во Финска.
Македонија е носител во Елитната група а турнирот повторно ќе се игра во Македонија кон крајот на март идната година.
Селкторот Станојкович за противниците во групата вели:
"„Задоволен сум од групата, мислам дека имаме голема шанса за нов, историски резултат. Групата е силна, но можеме да се надигруваме со сите. Мислам дека и нашата публика ќе има можност да ужива во натпреварите, ќе играме на домашен терен, за тоа се изборивме и мораме да бидеме задоволни“.

Целото интервју со Селекторот на репрезентацијата до 19 години Вујадин Станојковиќ можете да го слушнете на Аудио линкот.




