Даниела Недеска, ликовна уметница и иконописец, (средина) и сопруга на парохискиот свештеник Владо Недески, заедно со парохјанки на Македонската православна црква "Св.Петка" во Сиднеј, прават цветен венец пред претстојниот празник Велигден
"Телото има потреба од храна телесна, но душата и духот имаат потреба од храна која е духовна", вели отец Владо Недески, парохиски свештеник во МПЦ "Св.Петка" во Сиднеј, во разговор со СБС на македонски, за Велигденскиот пост и традициите, поврзани со најголемиот празник во православниот календар.

Отец Недески вели дека постот, односно Светата четиридесетница заврши во неделата на Цветници, а ова е Страстната седмица со дополнителен 7-дневен построг пост кога се пости без масло и верниците се насочени кон поголемо воздржување од храна, не само квалитативно туку и квантитативно.
Па, така со постот, верниците му даваат предност на духовното пред телесното.