Ако за црковната служба на англиски јазик се покаже дека има голем интерес , Македонската православна црква Св. Петка во Милпарк ќе одржува редовни служби во саботите. Отецот Тоне Гулев вели дека веќе делови од литургијата се одржуваат на англиски јазик, а не целата служба. Тој вели дека помладите парохијани и други православни следбеници во областа ќе можат да ја следат службата и псалмите од почеток до крај.
Share





