Претседателот Иванов нема да го потпише договорот за името со Грција

Source: AAP Images/ EPA/JOEDSON ALVES
Договорот за името со Грција е противуставен според претседателот на Р. Македонија, Ѓорѓе Иванов, за кој тој најави дека нема да го потпише. Атмосферата во државата продолжува да се вжештува, со протести и дебата на експертите по ова контроверзно прашање. Според едни, договорот кој предвидува државата да го смени уставното име и да стане Република Северна Македонија го зачувува македонскиот идентитет, а според други е пораз и значи прифаќање на сите грчките барања.
Share



