SKIP TO MAIN CONTENT

Македонскиот Просветно Училишен Одбор на Нов Јужен Велс врши упис за учебната 2017

SBS Macedonian
SBS Macedonian Source: SBS Macedonian

Наставата по македонски јазик започнува во првата недела на февруари, во сите македонски етнички училишта во Нов Јужен Велс. Наставата може да ја посетуваат ученици од 5-12 годишна возраст во основните училишта и од 12 - 18 годишна возраст во средните училишта. Покрај часовите за деца Македонскиот просветно училишен одбор одржува часови и за возрасни, секој вторник во 6.30 часот, во Културниот центар „ Илинден, веднаш до црквата „Света Петка, во Рокдаел. За повеќе информации каде и во кое време се одржуваат часовите по македонски јазик, погледнете во Македонскиот телефонски именик за НЈВ ( 2017), на страницата 137 или пратете порака на фејсбук: macedonianschoolcouncilofnsw. Ако сакате да се отвори ново училиште во вашата област, потребно е да поразговарате со членовите на МПУО, кои ќе ги разгледаат условите и можностите и ќе ви помогнат да се отвори ново училиште. Многу е важно учениците да се запишат во првите две недели од учебната година, заради тоа што Министерството за Образование на НЈВ им дава посебни сертификати на сите ученици што редовно, од почетокот на годината ги посетуваат часовите по македонски јазик.

Published

Updated

By SBS Macedonian

Source: SBS

Skip to podcast episode content

Latest podcast episodes

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Stream now