Македонските народните носии, накитени со разни парички и ситни монети, се како широко отворени книги, што ја раскажуваат историјата за македонскиот народ, и за сите намерници, поробители и империи што низ вековите минувале низ балканските простори, вели Јагода Здравеска-Котеска од Мелбурн. Водена од нејзината страст и љубов за се што е поврзано со македонската културна традиција, Јагода веќе три децении собира различни предмети и артефакти. Во вториот дел од разговорот со "СБС на македонски", таа открива зошто една конкретна традиционална носија, има почесно место во нејзината богата колекција.











Share





