Социjализација, дружење, забава и потестување како играа генерациите кои растеа без компјутери, телефони и други технолошки помагала, е главната идеја зад претстојниот настан "Игри од моето детство". Настанот кој годинава ќе се одржи по четврти пат во дворот на македонскиот манастир св "Прохор Пчински" во Донубрук, е во организација на "Mакедонската добротворна организација". За деталите на настанот разговаравме со Миле Георгиев, еден од организаторите и претседател на пензионерскиот клуб за Алтона Медоус, Левертон и Поинт Кук.
Архивски фотографии на "СБС на македонски" од првите "Игри од моето детство", оддржани во 2014 година.