„ Вратите на нашите канцеларии се затворени, но ние сме само телефонски повик подалеку за потребите на корисниците на нашите услуги“, вели Верица Сајдовска, менаџер на Македонската добротворна организација на Нов Јужен Велс
Поради брзиот развој на случувањата со Ковид-19 и сите ограничувања воведени од страна на австралиската, државната и локалната самоуправа, со цел заштита за заедницата, организацијата мораше да ги затвори повеќето од услугите за поддршка на заедницата.
Но, многу услуги сè уште се достапни преку телефон и барањата сега се порелаксирани, што им овозможува на луѓето, без упат од Aged care, да можат да ги користат услугите.
Услугите вклучуваат: свежо подготвени традиционални јадења што се доставуваат до вратата на корисниците, превоз во случај на неопходни лекарски посети, пазарување на неопходни намирници, превоз до банка, проверки на добросостојбата и индивидуална социјална поддршка.
"Слободно јавете ни се на 42 752 266, кажете ни ги вашите потреби и ќе сториме сé што е можно за да ви дадеме совет и да ви помогнеме “, Верица Сајдовска




