Иако целата своја професионална кариера ја мина во Македонија како истакнат земјоделски инжењер, хуманоста е таа што му донесе светска слава. Повеќе од три децении тој ги искачува нејзините височини, сликајќи ги "Цвеќињата на мирот" и ширејќи ја својата позитивна енергија. Во 2009 година тоа му донесе номинација за Нобелова награда за мир, па неговото име го споменуваа светските медиуми, заедно со оние на Барак Обама и Николас Саркози. Неговото име е Живко Поповски- Цветин, македонскиот хуманитарец, кој моментно е во посета на Австралија, со која го поврзуваат многу нешта.