Кружното дишење е техника што овозможува истовремено издишување и вдишување, отворајќи сосема нови можности за музичарите.
Оваа метода не само што ја унапредува изведбата и овозможува подолги, непрекинати фрази, туку го има најдено своето место и во медитацијата каде што се користи како ефикасен начин за намалување на стресот и постигнување внатрешен баланс.
Дознајте како да го совладате кружното дишење – без разлика дали практикувате јога, свирите саксофон, изведувате бродвејски песни или едноставно сакате да го подобрите квалитетот на вашето секојдневно дишење.
Македонската музичка ѕвезда, маестро Илија Ампевски, кој редовно го практикува кружното дишење, во овој поткАст ни открива како ја применува оваа древна техника во својата уметничка и професионална работа.
За повеќе прилози, интервјуа и информации од СБС на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
Podcasts in Macedonian | SBS Audio
For more stories, interviews, and news from SBS Macedonian, explore our podcast collection here:




