Мелбурн е добро познат како фестивалска дестинација, а меѓу најпопуларните се оние кои се фокусираат на храна. Првиот од македонските фестивали на храна за пролетната летна сезона 2018 година беше успешно одржан во неделата во паркот Footscray. На младите и старите од многу култури им беа понудени традиционални македонски тестенини, колачи и скара, како и музика, песни и ора.
Македонски домаќинки подготвуваат "мазник " на македонскиот фестивал на храна во Мелбурн.
Дел од прекрасниот настап на КУД " Разиграна македонка " од Квинбијан на македонскиот фестивал на храна Мелбурн 2018.
Дел од настапот на гостите на македонскиот фестивал на храна : МL Golden Voice Studio, Indian group Sam Goroya and Golden Sands, Princess Jasmina and Russian group Rusichi.
Share





