Македонските иселеници ќе праќаат помалку девизни дознаки поради Ковид-19

Macedonian National Bank Governor Anita Angelovska Bezhoska Source: NBRM
Анита Ангеловска Бежоска е поранешен економист на Меѓународниот монетарен фонд и една од четирите жени кои раководат со национални банки во Европа. Гувернерката на македонската национална банка во интервју за СБС на македонски вели дека поради ситуацијата со Ковид-19, според проценките, оваа година се очекуваат околу 20% помалку девизни дознаки во економијата од страна на иселениците и лицата на привремена работа во странство. Ангеловска Бежоска вели дека претходно тие ги дополнувале македонските девизни резерви со над една милијарда евра годишно, почнувајќи од 2009-та година, тренд што бил во постојан пораст, па така минатата година тој износ достигнал до 1,6 милијарди евра.
Share


