Над 130 членови на Македонската Пензионерска Група во Донкаста ангажираа место на свечениот ново-годишен настан, на кој познатиот музички состав Силва Бенд ги држеше присутните врзани за рака и за рамо додека дојде време новата година да ја замени старата. Звукот на сеуште автентичните изведби на стари Егејски песни и ора успееја да ги држат на нога членовите од разни возрасти, ноќ комплетирана со богата вечера и лотарии, и на која беа известени од претседателката Еминагова дека наредните три години ќе ги посвети на организирање нови информативни сесии, активности и екскурзии за нивна благосостојба. На дочекот на новата година присуствуваа Др. Крис Попов со сопругата Нада, македонци осново-положници на пензионерската група како и на Македонската Православна Црква Св. Ѓорги во Фицрој- сонародникот Џон Џорџ Андреу, и претставник на Силва Стар Мерцедес Бенз-Вики Лијва.
Share





