Времето поминато со дигиталната технологија може да биде забавно и корисно за децата, доколку притоа тие учат и ги прошируваат своите светогледи преку математика, физика, правилно зборување македонски јазик и други дисциплини. Тоа е носечката идеја зад македонскиот проект "Светот на Биби", кој на интерактивен начин, преку видео-сказни и сликовници, ги едуцира и воедно забавува најмладите. За овој проект на македонските информативни портали факултети.мк и деца.мк, а кој за Македонците од Австралија е достапен преку Јутуб каналот, разговаравме со Сребра Ѓеоргиевска. Click here to visit the channel