"Купот на Мелбурн 2019" - коњската трка што го запира здивот на нацијата

Elle Macpherson and Jennifer Hawkins at the Melbourne Cup Carnival 2018 both wearing dresses by the Australian Macedonian designer Tony Maticevski Source: AAP Image/David Crosling
Пристигна најважниот ден од "Пролетниот карневал на коњски трки во 2019 - "Купот на Мелбурн" на кој, повеќе од 20 коњи се натпреваруваат за победа на престижниот спортски настан и за награда од осум милион австралиски долари. По улиците на Мелбурн, со возовите и трамваите, во правец на Флемингтон се слеваа прекрасно облечени луѓе, со шапки, фасцинатори, костуми, извонредни фустани и креации. Шаренило! - вели правилото на облекување на најважната коњска трка во Мелбурн, и таа експолозија на бои само ја подига и така големата возбуда за овој настан, поради кој, како што се вели во Австралија, запира нацијата. Еден од најпопуларните модни дизајнери, кога станува збор за модата врзана за коњските трки, без дилема, е австралискиот дизјанер со македонско потекло, Тони Матичевски.
Share



