Поранешниот фудбалер на Брегалница (Ш), Три Чешми, Астибо, Плачковица и Кежовица Мијалче Дургутов по завршувањето на фудбалската кариера во 1988 година фудбалскиот дрес и топка ги заменува со пенкало и лист. Се вработува како новинар во спортската редакција на дневниот весник " Нова Македонија ". Останува и понатаму со фудбалот и спортот но сега не како директен учесник туку како спортски новинар. Зад неговото име остануваат бројни текстови, интервјуа и репортажи од разни спортски настани не само во Нова Mакедонија туку и во првиот спортски магазин во Македонија " СКОК " а подоцна и прв спортски дневен весник и портал чиј сопственик е Мијалче Дургутов.

Во 1990 година заминува на своето прво Светско првенство во фудбал кое се одржа во Италија да известува и пишува за страниците на Нова Македонија.
" Тоа беше мој прв мундијал. И покрај сите подготовки тремата и неизвесноста се чувствуваше но воедно беше и големо искуство за мене. Ги следев и известував од завршните натпревари. Во финалето Аргентина загуби од Германија и мојот прв текст беше со наслов " Солзите на Марадона " - се сеќава Дургутов

Сите овие патувања по мундијалите беа можност Мијалче Дургутов да има средби со врвни поранешни и сегашни фудбалски имиња. Како посебно впечатлива ја издвојува средбата со неповторливиот Бугарски репрезентативец Христо Стоичков.
" По враќањето од СП во САД 1994 година каде што Бугарија беше големо изнандување уште во авионот Стоичков мене ми го даде првото интервју и уште тогаш ми најави дека таа година ќе ја добие наградата за најдобар фудбалер " вели Дургутов

На СП во Франција 19998 година се дружи со комплетната Хрватска репрезентација, но незаборавни се и средбите со поранешниот селектор на Италија Енцо Беарцот, Фабио Капело, Хорхе Валдано, Франц Бекенбауер, Мишел Платини, Сер Бoби Чарлтон, Габриел Батистута, Роберто Карлос и многу други познати фудбалски иминња.
Еве дел фотографии од албумот на Мијалче Дургутов.

Како новинар Дургутов ја следел и селкцијата на Австралија на светските првенства во Германија 2006 и Јужна Африка во 2010 година. Посебно го издвојува натпреварот на Сокерус со Италија на СП во Германија за кој вели дека Италија до победата стигнала од непостоечки пенал и бил пријатно изненаден од добрата ига на Австралија.
Според него најфудбалска земја каде 24 часа се живее за фудбалот и во победи и во порази е Бразил нешто што го почуствувал на СП во Бразил 2014 година.

Мијалче Дургутов ќе биде присутен и на мундијалот во Русија за него 8-ми по ред.
"Очекувам добра организација и успешно првенство. Долгогодишното искуство ми вели дека во Русија ќе триумфира Европска селекција но меѓу нив не е актуелниот шампион Германија. Белгија може да се замеша во борбата за пехарот заедно со Шпанија, Аргентина можеби Бразил и Франција. Изненадување ќе биде Костарика "

И покрај седумте мундијали зад себе и неколку Европски првенства тој има и еден неостварен сон барем засега.
" Неостварен сон и желба ми е еден ден да известувам од некое СП или ЕП каде што ќе учествува и Македонија ".





