За многумина во југоисточна Австралија, денот по Денот на Австралија донесе жешки услови и рекордни температури. Во Милдjура, на крајниот северозападен дел од Викторија, живата достигна 48,6 Целзиусови степени. И додека крајбрежните области уживаа, внатрешноста сепак мораше да се справи со продолжен топлотен бран што траеше една недела.
Експертите велат дека овие видови феномени ќе се интензивираат со текот на времето поради влијанијата од климатските промени - но иако имаше многу извештаи за тоа како тоа влијае врз урбаните центри, регионалните предели на Австралија не го добија истото внимание.
SBS ја посети Милдјура за да види како регионот ја почувствувал топлината и што прават за да се справат со климатските промени на локално ниво.





