Source: Melbourne University Macedonian Student Society
Водени од идејата за промоција на македонскиот културен идентитет на еден од најдобрите австралиски универзитети, група студенти на Универзитетот на Мелбурн, пред точно една година, го основаа "Македонскиот студенски клуб". Во првата година од постоењето, оваа студентска заедница организираше бројни настани кои ја слават и промовираат македонската култура и културни традиции, како што се штандови со вкусна македонска храна, јазични часови, прикажување македонски филмови и предавања. "Македонскиот студенски клуб при Универзитетот на Мелбурн" ги зближува студентите од македонско со оние од немакедонско потекло, се со цел да ја шири македонската култура и знаењето за македонската заедница меѓу другите етнички групи во Австралија. Студентите по антропологија, Александра Анастасова и Благојче Трајчевски, кои се дел од основачите на организацијата, дискутираат за нивната мисија и досегашни активности.

Source: the Melbourne University Macedonian Student SocietySource: the Melbourne University Macedonian Student SocietySource: the Melbourne University Macedonian Student SocietySource: the Melbourne University Macedonian Student Society