Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г.Петар кој е во пастирска посета во Австралија во изминатите денови учествуваше во свечени богослужби во повеќе македонски православни храмови.
Денеска, на празникот на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, Митрополитот Петар чиноначалствуваше со светата архиерејска литургија во храмот „Свети Димитрија Солунски“ во Спрингвејл, во сослужение со парохискиот свештеник, отец Миле Талески.
По богослужбата, Владиката оствари непосредна средба и разговор со присутните на заедничката божикна трпеза.
Во овој поткаст слушнете ја неговата божикна порака.




