Десет годишниот јубилеј МКУД " Тоше " од Мелбурн ќе го прослави со свечен концерт на 15 Ноември. Се очекува да настапат сите играорни групи со сегашните но и поранешни членови на друштвото кои во изминатите десет години со успех го чуват македонскиот фолклор и традицијата во Австралија. Специјални гости на нивниот свечен концерт ќе биде ансамблот за народни песни и игри " Танец ". Во аудио записот можете да го слушнете разговорот со Ѓорѓи Блажевски - претседател на МКУД " Тоше " и Жаки Ристевски играорка за досегашните но и идните активности на овој фолклорен ансамбл.
Видео од еден од настапите на МКУД " Тоше " од Мелбурн.
Share




