Илјадници луѓе протестираа во неколку поголеми градови во Грција, додека законодавците разговараа за Преспанскиот договор кој го преименува нивниот сосед во Република Северна Македонија, завршувајќи го спорот помеѓу двете земји што трае повеќе од две децении. Грчкиот весник Ефемерида објави видео снимка на демонстранти како го палат македонското знаме пред парламентот во Атина. Преспанскиот договор постигнат во јуни минатата година доведе до политички немири во двете земји. Гласањето во грчкиот Парламент беше одложено до петок поради жестоките дебати во текот на претходниот ден.
На вечерашниот протест против Договорот од Преспа пред грчкиот Парламент гореше македонското знаме. Грчкиот весник „Ефимерида” објави видео од случката.
Неколку демонстранти од толпата прво го кинеа знамето, а потоа и го запалија, бодрени од толпата.
Share





