Новите стандарди во индустријата за нега на постари лица стапуваат на сила од 1ви Јули и австралиските даватели на услуги се повикуваат да го подобрат нивото на грижа што им го нудат на постарите лица кои не зборуваат Англиски. Постарите Австралијци од мигрантско потекло се признати како група со големи потреби во рамките на грижата за постари лица, а според новите стандарди, провајдерите ќе бидат проценети на нивната способност да ги задоволат потребите на културно и јазично различни Австралијци.
Share





