Поставен камен-темелник на нов македонски центар во Мелбурн

Foundations laid for a new Macedonian centre in Melbourne. Source: SBS
Македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија во дворот на црквата "Свети Ѓорги и Пресвета Богородица" во Епинг, на 26ти мај, го постави камен-темелникот за нов македонски центар, чија изградба се очекува да биде завршена во 2021 година. На церемонијата со ограничен број присутни, поради рестрикциите на КОВИД-19, претседателот на општината Мирчо Ангелевски рече: “Од секогаш сум се гордеел со нашата општина, но никогаш повеќе како во овој момент. Денешниот чин, осветувањето на темелите на новиот македонски центар означува важен момент за Македонската православна општина. Тоа ќе биде горд подарок од нашата генерација за идните генераци“. Центарот ќе располага со библиотека, кафе-ресторан во комбинација со сала за свечености, комерцијална кујна, бар, македонски музеј, театар за предавања, младинско радио студио, училница, сала за конференции и канцелариски простории. Чинот на осветување на темелите го извршија Архимандрит Гаврил и Отец Климент Станковски.
Share