Од 1 април стапија на сила нови измени во австралискиот закон за миграциски агенти, со кои се зајакнуваат регулативите и стандардите за работа и заштита на клиентите.
Зак Ристов, виш регистриран миграциски советник од Aussie Migration Services во Мелбурн, кој има повеќе од две децении искуство, ги истакнува најчестите замки со кои се соочуваат луѓето при избор на миграциски агент и објаснува како тие можат да се избегнат.
Тој ги нагласува клучните мерки на претпазливост, од проверка на акредитации до препознавање на предупредувачки знаци за нерегистрирани агенти за доселување.
За повеќе прилози, интервјуа и информации од СБС на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
Podcasts in Macedonian | SBS Audio
For more stories, interviews, and news from SBS Macedonian, explore our podcast collection here:





