Традиционалниот Македонски фудбалски куп на клубовите од македонската заедница во Австралија за 2023 година ќе се одржи во Њукасл од 27 до 29 јануари. Организатори и домаќини се фудбалските клубови Броадмедоу Меџик и Њукасл санс.
Традицијата после паузата поради Ковид-19 продолжува бидејќи Македонскиот фудбалски куп е ретка можност да се соберат речиси сите клубови од македонската заедница и преку спортски и културни настани, гордо да се истакне македонското наследство и потекло на Денот на Австралија.
Годинава на Македонскиот фудбалски куп се очекува да настапат 18 клубови што го прави најмасовен досега. Покрај учеството на првите тимови на турнирот ќе настапат екипи со резервните тимови како и во женска конкуренција а нема да изостанат и натпреварите за фудбалери над 35 години.
Македонскиот фудбалски куп на екипите од македонската заедница во Австралија за прв пат се одржа во 2008 година. Прв победник беше Алтона Меџик Вардар а рекордер со 7 освоени пехари е Рокдејл Илинден.

Полуфиналните и финалните натпревари се играат во недела.
Еве го и комплетниот распоред на натпреварите

Во аудио прилогот меѓу другото можете да ги слушнете и изјавите на Денис Лотар од Рокдејл Илинден, Роб Кукановски од Џилонг Македонија и Дејвид Цветковски од Престон Македонија.




