Укинувањето на дополнителните надоместоци за плаќање со картички уследи по анализата спроведена од Резервната банка на Австралија. Денес, картичките сочинуваат речиси 75 отсто од плаќањата, што е спротивно на големата зависност од готовина пред две децении, кога таа учествувала со 69 отсто во плаќањата во 2007 година. Credit: (AAP)
Резервната банка на Австралија (RBA) наведува дека потрошувачите секоја година плаќаат 1,6 милијарди долари за дополнителни трошоци при плаќање со картичка. Но, тоа наскоро ќе се промени. Од 1 октомври, кога купувачите ќе ја допрат картичката (бесконтактно плаќање) или ќе ја користат за онлајн трансакција, нема да има дополнителен надомест; тоа значи дека рекламираната цена треба да биде и цената што се плаќа на касата. Укинувањето на дополнителниот надомест за картички ги става бизнисите, особено помалите субјекти, пред тежок избор: или самите да го покријат трошокот за таа трансакција или да го префрлат на потрошувачите.

За повеќе прилози, интервјуа и вeсти од SBS на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде: