Земјотресите во Охрид се поретки и со послаб интензитет
Seismograph Source: GettyImages/Gary S Chapman
"Охридскиот регион влегува во фаза на смирување и секој ден, очекуваме генерално намалување на зачестеноста и силината на земјотресите. Тоа што за 23 дена се регистрирани над 1200 потреси значи дека имало огромна акумулирана енергија, која за среќа се распореди преку серија на главно слаби до умерени земјотреси, наместо неколку силни или еден многу силен со магнитуда од 6 до 6.5 степени кој би бил и многу по разорен во регионот", вели професор д-р Ивица Милевски од Природно - математичкиот факултет во Скопје со кого ексклузивно за СБС на македонски разговараше нашиот соработник од Охрид Милчо Јованоски
Share



