Професионално работи како комуникациски стратег за австралиската федерална влада. Приватно ја артикулира својата креативност и чувството за беспрекорна естетика и во манир на моќен визуелен алхемичар создава модни комбинации, што зрачат со вонвременски стил и убавина. Тоа е Оливиа Јаневска, битолчанката која скоро две децении живее во Мелбурн- совршениот подиум за нејзината модна екстраваганција. Во интервјуто за "СБС на македонски" таа зборува за модата, но и за предизвиците со кои се соочи кога се пресели од Македонија во Австралија













Share




