По традиција Водици најмасовно и годинава се одбележа во Скопје и во Охрид. Кристијан Ниневски беше најсреќен меѓу 140-те верници кои скокнаа во водите на Вардар по светиот крст- Петар Рупески од Варош во Охрид беше најбрз и најсреќен меѓу стотиците верници кои се фрлија во студените води на Охридското Езеро. Во својот празничен говор пред верниците поглаварот на МПЦ-ОА, господин, господин Стефан изрази оптимизам дека со помош на Вселенската патријаршија, православните цркви ќе ја осознаат вистината за МПЦ и дека ќе ја препознаат искреноста за нејзино прифаќање во православното семејство.
Share





