Пратеникот и лидер на Демократски сојуз, Павле Трајанов во разговор за СБС Радио објаснува зошто до ЕУ и до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, упатил барање – Советот на Европската Унија да донесе одлука со која ќе ја обврзе Бугарија да ги спроведе одлуките на Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, да им дозволи регистрација на здруженијата на Македонците во Бугарија за негување на нивните идентитетски, јазични, културни и други особености, со што ќе се обезбеди реципроцитет.
Share





