Адвокат, говорник, медиумски професионалец и основач на подкастот The Spark. Петра Златевска е сето ова и многу повеќе, но она за што е најстраствена и најборбена е социјалната правда, која е длабоко врежана во нејзините македонски гени и семејна историја.
Од ноември оваа година, Петра стана дел од истражувачкиот тим на Универзитетот на НЈВ како правен истражувач и советник за медиумски стратегии и активно учествува во борбата за признавање на првите нации и нивно запишување во Австралискиот Устав, преку давање на свој придонес во Uluru документот.
Во септември започна со функционирање и нејзиниот подкаст The Spark, за кој, како вели самата Петра, конечно дојде моментот на раѓање, после 2 години подготовка. Целта на истиот е преку искрени и отворени разговори со познати личности, кои поминале некаква поголема препрека во животот, да ги поттикне слушателите на личен раст и развој и да им даде надеж дека за секој проблем постои решение.

Во интервјуто со СБС Петра раскажува за своите македонски корени, за љубовта кон медиумите и комуникацијата, за преселбата и животот во Берлин, како и за новите предизвици со кои се соочила по нејзиното враќање во Сиднеј во 2018 година.






