Оваа 15-та година по ред, Елена Котевиќ заедно со женската група при МПЦ Св.Петка во Сиднеј, на “Розовата панделкa 2025”, привлече повеќе од 500 жени, сите со една цел, борбата против рак.
Во последните неколку години на секој настан, за само неколку часа, се собираат по околу 30.000 долари за Фондацијата „Мекграт“.
“Розовата панделкa 2025” донесе извонредни говорници: д-р Су Веловски потсети дека „во тешки времиња не треба да бидеме сами“, Трејси Бевен сподели како Фондацијата „Мекграт“ ги поддржува лицата со рак и нивните семејства, д-р Ралија Мусина ја истакна важноста на раната дијагноза и грижата за пациентите, а Дијана Мусина го објасни финансискиот ефект на болеста.
За повеќе прилози, интервјуа и информации од СБС на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
For more stories, interviews, and news from SBS Macedonian, explore our podcast collection here: