Владо Јаневски е македонски поет, писател и ликовен уметник.
Роден е во Прострање, детството го поминал во Велмевци и во Битола каде што завршил гимназија, а високо образование стекнал на Универзитето "Кирил и Методиј" во Скопје.
Од 1989 година живее и работи во Сиднеј.
Член е на Друштвото на писателите на Македонија.
Јаневски има објавено повеќе дела меѓу кои романите "Кој го иби Едгар Алан По", "Смртта не е крај", "Мртвите знаат најдобро", "Чудо зад аголот", "Под друга капа", и "Made in Jabana".
Автор е на илустрирани книги за деца и на графички новели .
Добитник е на наградата "Пегаз"за најдобар необјавен роман на годината во Македонија во 2020-та година и на наградата за најдобро сценарио за долгометражен филм на Меѓународниот фестивал на филмски сценарија "Скрипт фест"во 2021 година.