SKIP TO MAIN CONTENT

Престон лајонс единаесет натпревари без пораз

Preston Lions FC
Preston Lions FC Source: SBS

Во Македонското дерби на 19 - то коло Престон Македонија ја совлада Сиднам Македонија со 2 : 1 и го искористи поразот на Џилонг Македонија доближувајќи му се само на еден бод разлика на табелата. Управата го искористи натпреварот и организираше ден на дружење на поранешните фудбалери, тренери и членови на управите на клубот. Видео и аудио запис од настанот.


Published

Updated

By Vase Kocev

Source: SBS


Skip to podcast episode content

Во Македонското дерби на 19 - то коло Престон Македонија ја совлада Сиднам Македонија со 2 : 1 и го искористи поразот на Џилонг Македонија доближувајќи му се само на еден бод разлика на табелата. Управата го искористи натпреварот и организираше ден на дружење на поранешните фудбалери, тренери и членови на управите на клубот. Видео и аудио запис од настанот.


Престон Македонија и Сиднам Македонија одиграа интересен и неизвесен натпревар. "Лавовите" овојпат му се реваншираа на противникот во иста мера за поразот во првиот натпревар.

Престон иако играше со играч помалку  од 33 минута и промаши пенал во првиот дел со головите на Саундерс и Милованович поведоа со 2 : 0. К. Делев од пенал во финишот го постигна почесниот гол за Сиднам.

Preston Lions FC and Sysneham Park FC
Preston Lions FC and Sysneham Park FC at B.T. Connors Reserve 12 August 2018 Source: SBS

Управата го искористи натпреварот и организираше ден на дружење на поранешните фудбалери, тренери и членови на управите на клубот. 

Срдечно добредојде им посака претседателот на Прстон Македонија Злате Груевски кој ги запозна со активностите и амбициите на клубот.

Видео од обраќањето на Злате Груевски.

Пред почетокот на натпреварот во соблекувалната од името на поранешните легенди на Престон Македонија на актуелните играчи им се обрати и им посака успех  Џорџ Јолевски. 

Видео од обраќањето на Џорџ Јолевски.

Полувремето од натпреварот пак беше искористено дел од поранешните фудбалски работници во клубот да се потсетат на минатото и да споделат дел од сеќавањата со присутните на трибините.

Видео со дел од обраќањата на поранешната управа предводена од Џон Бранов.

По натпреварот и новата победа фудбалерите на Престон Македонија заслужено се радуваа а капитенот Наум Секуловски ги демонстираше и вештините на клубскиот тапан.

Видео од прославата на победата.

Со новите бодови и поразот на Џилонг во оваа коло битката за првото место допрва ќе се разгори и ќе биде интересно во последните три кола. Престон и Џилонг ќе водат борба за секој бод а можеби решавачка ќе биде токму меѓусебната пресметка на БТ. Конорс .

 

 

 


Latest podcast episodes

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Stream now