Preston Lions FC во дербито на колото против North Sunshine Eagles FC стигна до победата со прекрасниот гол на Lochie Reus постигнат од над 30 метри. По натпреварот тренерот Ацевски задоволен од тешката но заслужена победа и најави борба за првото место до самиот крај на првенството. "Лавовите" ја имаа подршката и од навивачите.
Preston Lions FC продолжува со победничката серија во Првата државна лига на Викторија. Во дербито на 16 - то коло го совлада North Sunshine Eagles со 1:0 . Единствениот гол кој ретко се гледа на фудбалските терени го постигна Lochie Reus со удар од триесетина метри.
Изјавата на тренерот Љупче Ацевски по натпреварот можете да ја слушнете во аудио записот.
Видео со голот на Reus и дел од атмосверата на стадионот.
Ова е осми натпревар на "Лавовите" без пораз со што се најдоа на второто место на табелата со 29 бодови колку што има и Keilor Park SC кој пак го победи Geelong SC. И покрај поразот Geelong SC остана на првото место со 33 бода. На 6 кола до крајот се очекува борбата за првото место да биде неизвесна.
Preston Lions идното коло ги очекува ново тешко гостување кај Keilor Park SC. Натпревар кој може да се покаже и како решавачки во борбата за првото место.
По подолго време конечно полна трибина на стадионот во B.T. Connor Reserve




