Најпознатото фудбалско име во македонската заедница во Австралија, Престон Лајонс го освои првото место во третата национална премиер лига на Викторија.
Ако во последните две години поради пандемијата со Ковид -19 беа спречени, годинава Престон Лајонс ја оствари зацртаната цел.
Освоено е првото место и шампионската титула а со тоа и остварено ветувањето дадено пред почетокот на првенството.

Лавовите од Резерво освоија 52 бода од 16 победи, 4 нерешени средби и 2 порази. Постигнаа 40 а примија само 13 голови.
Вториот дел од првентво го завршија со импресивна серија од 11-ет победи од исто толку натпревари.
Тренерот Љупче Ацевски не ја криеше радоста по успехот на неговите фудбалери и победничката серија.
На полусезоната седнавме, разговаравме со фудбалерите и ги увидовме нашите добри но и лоши страни во играта. Играчите тоа го прифатија и работеа макотрпно на тренинзите и заслужено ја освоивме титулатаЉупче Ацевски тренер на Престон Лајонс

Претседателот на Престон Лајонс, Дејвид Цветковски, задоволен од успехот на фудбалерите и стручниот штаб но и од
"армијата" навивачи кои го бодреа клубот на секој натпревар сезонава.
Ова е голем ден за македонската заедница во Австралија. Овој клуб чука во срцата на сите Македонци во Австралија. Голема благодарност до нашите навивачи и заедно со нив уверен сум дека клубот ќе продолжи со успеситеДејвид Цветковски, претседател на Престон Лајонс

Со два постигнати гола на последниот натпревар против Box Hill United FC, Крис Дејвис само ги потврди своите голгетерски способности и играше важна улога во освојувањето на првото место.
Голем успех за клубот и многу сум среќен поради тоа. Престон Лајонс е голем клуб, со морам да кажам неверојатни навивачи. Сакам да играм и догодина и ќе разговараме со управата, но првин да прославиме бидејќи заслуживмеКрис Дејвис фудбалер на Престон Лајонс

Роберт Стамболџиев со своето искуство во средината на теренот имаше голема улога во овој успех на клубот. Среќен поради постигнатото упати благодарност до сите за поддршката и се надева дека во иднина ќе имаат уште поголема поддршка.
Навистина сум среќен и благодарност до сите за подршката. Овој клуб чука во срцата на сите Македонци и не случајно сме клуб со најмногу навивачи. Верувам дека во иднина ќе имаме уште поголема поддршка и ќе имаме нови успесиРоберт Стамболџиев фудбалер на Престон Лајонс

Навистина навивачите на Престон Лајонc се посебна приказна за себе со неверојатаната поддршка на секој натпревар било да се игра на домашен или гостински терен. Само потврдуваат дека клубот има најбројна и најверна навивачка група кои не ги штедат своите грла на секој натпревар.

Во новата сезона за 2023 година, Престон Лајонс
ќе се натпреварува во втората национална премиер лига на Викторија.
Тренерот Љупче Ацевски вели дека првичните планови и амбиции се исти борба за првото место.
Пак ќе се бориме за првото место. Голема помош со своето искуство ќе ни биде и Сашо Огненовски како технички директор во клубот. Со добар избор на фудбалери и квалитетни подготовки и со подршка од навивачите амбициите остануваат исти - борба за висок пласманЉупче Ацевски тренер на Престон Лајонс

Успехот на Престон Лајонс годинава го дополнија и женските тимови. Првиот тим во Премиер лигата на Викторија го освои првото место а истиот успех го оствари и резервниот тим.
Видео од прославата на фудбалерите со своите верни навивачи по освоеното прво место во лигата.




