По неколкудневните подготовки на својот терен фудбалерите и стручниот штаб подготовките ги продолжуваат во Шепартон. Пријателските натпревари ги започнуваат со Џилонг Македонија а ќе настапат и на традиционалнниот Македонски фудбалски куп за Виктоија кој годинава ќе се одржи на 5 фебруари во Џилонг. Во исто време се одвиваат и градежни активности околу реновирањето на стадионот за кој претседателот на клубот Дејвид Цветковски вели дека наскоро ќе бидат завршени и во годината кога клубот слави 75 години од постоењето ќе добие современ спортски комплекс.
Share





