Со победата над Килор Парк, Престон Македонија успеа да обезбеди промоција во првата државна лига на Викторија и догодина ќе се натпреварува во новоформираната трета Премиер лига на Викторија. По завршувањето на натпреварот видлива беше радоста во клубските простории бидејки на овој успех се чекаше десетина години. Од оваа лига на промоција покрај "Лавовите" се надева и вториот клуб од македонската заедница Сиднам Парк кој се бори за второто место. Во тонскиот извештај ќе слушнете поопширен извештај од успехот на Престон Макеоднија но и за резултатите на останатите екипи од македонската заедница во лигите низ Австралија.
Долгоочекуваниот успех конечно пристигна и на БТ Конор Резервс. Престон Македонија на две кола до крајот на првенството сигурно го држи првото место но и ја запечати промоција за новоформираната трета Премиер лига на Викторија.
По победата од 1:0 против Килор Парк, тренерот Лупче Ацевски вели дека до победата стигнале потешко од очекувањето но и го исполниле зацртаниот план пред почетокот на лигата.
" Наша цел беше првото место и промоција во една лига погоре. Целта е остварена обезбедивме промоција и останува уште во последните две кола да го запечатиме и првото место. Голема благодарност до управата и верните навивачи за подршката но најголемата благодарност ја упатувам до фудбалерите и моите помошници кои дадоа се од себе за овој успех."

И кај претседателот на клубот Злате Груевски радоста по постигнатиот успех беше видлив.
" Она што го планиравме и на што работевме со години го постигнавме. Конечно ја напуштаме државната лига и го трасираме патот за враќање на клубот во Прмеиер лигата. Благодарност до фудбалерите за нивната пожртвуваност во досегашните натпревари но и голема благодарност до навивачите и спонзорите за несебичната подршка и верба во нас како клуб."

По натпреварот победничката песна во соблекувалната на Престон Македонија ја започнаа претседателот на клубот Злате Груевски и тренерот Љупче Ацевски.
Од иста лига со големи шанси за промоција е и екипата на Сиднам Парк Македонија. Со победата на гости против Алтона Сити од 5:4 се наоѓаат на второто место . Доколку го зачуват во наредните две кола ке биде тоа голем успех за клубот.
Во премиер лигата на Илавара регуларниот дел од сезоната заврши. Вулонгонг јунајтед го освои четвртото место и во елиминациското финале ќе игра против Таравана.
Екипата до 23 години на Вулонгонг јунајтед го освои првото место во младинската премиер лига и ќе игра директно во полуфиналето.
Броадмедоу Маџик со победата над Чарлстаун со 1:0 го освои четвртото место и обезбеди место во финалната серија. Исто така успех постигнаа и младинските екипи на овој клуб.
Во Прмеиер лигата на Западна Австралија Стирлинг Лајонс одигра без голови 0:0 со Флореат и не успеа да обезбеди опстанок во лигата.




