Скоро три децении, Јагода Здравеска-Котеска од Мелбурн, собира артефати и предмети поврзани со македонската традиција. Нејзината приватна етнолошка збирка, којашто се состои од бројни традиционални носии, фустани, фотографии, бардиња, вретена и други предмети, е изложена во специјално назначената соба, што наликува на мал приватен музеј, а е сместена во нејзиниот дом, во северните населби на Мелбурн.