Македонски печалбар во Америка, битолчанецот Панде Матевски ( 1914-1944), е единствениот Македонец, за кој се знае дека загинал за време на "Денот-Д", односно сојузничката инвазија во Нормандија, што започна на 6 јуни 1944, за време на Втората светска војна. Приказната за Панде ја оживеа и ја овековечи битолчанката Силвана Петрова Насух, која ја истражи приказната и го напиша сценариото за документарниот филм „Војникот Рајан од Битола" снимен пред десет години. Денеска, 6 јуни, кога светот ја одбележува 80-годишнината од најголемата воена операција што го промени курсoт на Втората светска војна, ние се сеќаваме на загинатиот воен херој, Македонецот Панде Матевски.
Source: Apla.mk
Source: Apla.mk
Silvana Petrova Nasuh, the script- writer of the documentary movie "Private Ryan from Bitola" Source: Apla.mk