Според Д-р Терзиовски сето ова што се случува со економијата во Австралија е поврзано со глобалната економија и очекува инфлацијата да расте. Како најголеми фактори за тоа ги наведува војната на Русија во Украина, зголемувањето на цените на горивата и енергијата и климатските непогоди што ја погодија Австралија. Сојузната влада со даночните намалувања треба да помогне онаму каде што е потребно вели Д-р Терзиовски и додава дека Австралија е во подобра ситуација од многу развиени земји и има шанси да ја избегне рецесијата. Целиот разговор со Д-р Терзиовски можете да го слушнете во аудио записот.
Share




